Фотографии кои нема да можете лесно да ги заборавите

Вол Стрит Журнал ја покрена темата за тоа колку многу луѓе со сериозни ментални проблеми чмаат по американските затвори наместо да бидат третирани во соодветни психијатриски установи.

Со низа меѓународни одредби и конвенции е забрането луѓе со ментални проблеми да бидат држени во затвори. Во овој поглед, ситуацијата во САД е алармантна:

Во трите најголеми затворски системи во земјата - Њујорк, Лос Ангелес и Кук Каунти во Илиноис - постојат 11.000 затвореници кои биле третирани заради ментална болест. За споредба, трите најголеми ментални болници во земјата имаат вкупен капацитет од само-  4.000 кревети.

А проблемот не е нов. Во 2008-ма, откако прочитала статија за ментално болни кои се држат во затвори, фотографката Џен Акерман успева да добие дозвола од надлежните во еден поправен дом во Кентаки и да го сними ужасот на овие јадници. Галеријата ја имате погоре.

 

 

12 ноември 2013 - 10:25