
Целиот проблем излегува од тоа што родителите во основа се напнати зошто нивните деца се обидуваат да им извадат пари, се објаснува во новата студија објавена во журналот за Еволуција и човечко однесување.
Двајцата професори од Универзитетот во Гронинген прават компјутерски модел за кој создаваат огромна измислена популација. Во неа се реплицира реално општество во кое мажите имаат различни можности и вештини за да ги обезбедат своите идни деца, а жените имаат различни преференции за тоа кој и каков маж ќе одберат. Во моделот родителите можат да влијаат на изборот на партнер на децата и одбираат како го споделуваат својот имот меѓу децата.
Симулацијата на моделот била направена на илјадници генерации, и научниците забележале дека во него родителите нееднакво го делат својот имот, односно секогаш им давале повеќе на ќерките чии партнери не можеле комплетно финансиски да ги издржат.
За родителите ова е еволуциски логично бидејќи на овој начин осигуруваат успех на поголем број внуци. Меѓутоа за ќерките тоа претставува дилема, бидејќи ако го одберат перфектниот партнер, нивната сестра ќе го добие најголемиот дел од поддршката од родителите.
"Заради ова со минување на генерациите, ќерките почнуваат да избираат помалку погодни и помалку грижливи партнери, знаејќи дека за возврат ќе добијат помош од нивните родители. За да го балансираат ова, родителите почнаа очајно да ги храбрат ќерките да најдат некој на кој што ќе можат да се потпрат. И тука почнува денешната тензија меѓу двете страни," се објаснува во студијата.