Преносот на просечен професионален натпревар во НФЛ трае 3 часа и 12 минути. Од нив според правилата се играат само 60 минути, а остатокот оди на тајм аут, паузи меѓу полувремиња и задолжителни паузи за реклами (во случај никој да не побара тајм аут).
Дури и во овие 60 минути најголемиот дел минува во стоење, бидејќи за разлика од фудбал или кошарка, паузите меѓу два напади и организирањето на играта влегуваат во официјалното време на натпреварот.
Според една анализа на Вол Стрит Журнал, просечен НФЛ пренос има повеќе време потрошено во репризи на потези (17 минути) отколку на активна игра (11 минути). Мнозинството од времето (75 минути) е потрошено на кадри со играчите, тренерите и судиите, како се ашкаат по теренот.
На 20-те паузи за реклами во текот на еден натпревар, се пуштаат над 100 реклами. Ова одзема околу еден час или третина од вкупното време потрошено на натпреварот.