Нарачките за зголемување на облините на куклите доаѓаат од чисто бизнис побуди, бидејќи сопствениците на продавниците забележале дека стоката побрзо им се продава кога е изложена на кукли со поголеми гради. Ним им е јасно дека муштериките во основа се идентификуваат со изгледот што го гледаат на излог.
Жените во Венецуела се толку сериозно навлечени на пластични информации, што дури ни за 14 години владеење Хуго Чавез не можеше да ги одвикне од ова, иако сериозно се обидуваше.
Целата опсесија започнува кон крајот на 80-те, кога земјата три пати победува на Мис Универзум. Ова ја шири фасцинираноста на Венецуелките со пластични операции.
"Јас велам дека внатрешна убавина не постои. Тоа е нешто што неубавите жени го имаат измислено за да се оправдаат себе си," изјавува Осмел Соса, долгогодишен претседател на изборот за Мис Венецуела, и човекот кој ја натерал првата венецуелска Мис Универзум да направи операција на носот.