Музиката се раѓа во 80-тите, под инспирација на мајами верзиите на хип-хопот а се пее најчесто за сиромаштијата, расите и сексот. Наречен е фанк кариоки и во последниве години добива неочекуван тренд, да биде прифатен како глас на вредната и самосвесна жена во доминантно машкиот свет на Бразил.
Оние што го фураат овој правец се нарекуваат фанкеирас и постепено почнуваат да доминираат со сцената, потиснувајќи ги машките фанкеироси кои често се сексисти и мачо умислени фраери.
Женскиве се отворено сексуални, самосвесни и прилично им е битно да ја упатат пораката дека тие се господарки на своето тело, рушејќи ја стереотипната претстава за Бразилките како добро воспитани домаќинки.
"Нивната музика, произлезена од жените од сиромашните словеи ја редефинира улогата на жената во општеството и ја држи дебатата отворена," вели претседателот на тамошниот институт за технологија и општество.
Една од првоборките на овој жанр е Валеска Попозуда чија "Now I Become A Whore", е голем хит во земјата.
Таа вели дека не очекувала нејзината музика да има феминистички призвук но задоволна е од таквиот развој.
"На почетокот ме вознемируваше фактот дека привлекувам повеќе машки отколку женски фанови и единствениот начин да им се приближам на жените беше да пеам за проблеми кои им се ним битни, за нивната рамноправност со мажите, за фактот дека нивното тело е само нивно и можат со него да прават што сакаат, вели Попозуда чија музика е главна тема на една докторска дисертација.
Класичното феминистичко крило им забележува на овие фанкеираси за нивното експлицитно поигрување со телото, поточно желбата да си ги пумпаат градите и задниците со силикони и тоа нападно да го истакнуваат. Самата Попозуда во задникот има вбриззгано двапати по 550 милилитри силикон, притоа осигурувајќи го овој кореографски капитал на скоро 2 милиона долари.
"Ова воопшто не е феминистички и ја претвора жената во производ," вели Лола Аранович, една авторка која често се занимава со родовата рамноправност и улогата на жената во Бразил.
"Не можеш на сите да им удоволиш", одговара пеачката.