Разно

Како Брансон заврши со гола манекенка на грб

Основачот на Вирџин е познат по сите вратоломии направени со цел да се промовира неговиот бизнис или да се лансира некој нов бренд. Голата манекенка, воопшто не е дел од таков потег.

Бугати губи милиони за секој милион што ќе го заработи?

Вејрон е најбрзиот и најмоќниот сериски произведуван автомобил на светот, и според некои анализи е и најголемата дупка за пари на Бугати.

"Успехот ќе ви го уништи животот"

На разни теми, кратки мудрости од Том Кленси, конзервативец од стариот ков, човекот кој ги потпиша "Лов на црвениот Октомври" и "Патриотски игри" а почина деновиве на 66 годишна возраст.

Кога слабото ќе реши да држи диета

На толку дебел народ во земјата, прегладнетите тинејџерки повторно успеаа да ги извадат од памет американските доктори откако најдоа нова причина зошто да бидат уште послаби.

Сред Милано изникна подморница

Утрово Милано се разбуди со сосема неочекувана подморница на сосема неочекувано место, посебно ако имаме во предвид дека градот од никаде не ни помирисува море.

Дискриминација по основа на порно

Гејџ на 18 години влегува во порно индустријата, додека да наполни 24 години снима над 140 филмови и на оваа возраст решава да си оди. Се запишува на факултет за да почне да работи некоја друга професија.

Тома

Тома Здравковиќ? Тоа е оној пејач што од школо има само основно и курс за тракторист? Точно. Оној што се женеше 3 пати и на крајот умре без деца? Баш така. Оној што целото богатство го потроши по кафани и коцкарници за потоа да остави само еднособен стан на Петлово Брдо? Сосема сте во право.

Шпанија не знае колку е часот

Причината зошто Шпанците постојано се опуштени околу работата (на граница со мрзливи) е затоа што цело ова време се во погрешна временска зона.

Дали каналот е полуполн или полупразен?

За првпат во историјата, еден прекуокеански карго брод успеа да мине низ арктичките води близу Канада и значајно да ја скрати вообичаената транспортна рута со што се штеди време, гориво и емисија на јаглерод диоксид. Сето тоа благодарејќи на глобалното затоплување.

Стив Балмер се одлогира

Пред 13.000 вработени на Микрософт, со солзи и аплаузи, досегашниот извршен Стив Балмер се прости од компанијата.

Лекции за патување од Ентони Бордејн

По негова математика во последната деценија секоја година тој по 250 денови не е дома, заради што има искусено и научено нешто околу патувањето. Ова се неговите совети.

Тоа се вика грант

Веста е дека еден весник по грешка предвреме ги откри имињата на новите добитници на грант од Фондацијата МекАртур. А и самиот грант е вест.

КП Дооел Идризово

Замислете земја во која затворите се приватни компании што вадат профит од максимална пополнетост на капацитетите. А даночните обврзници плаќаат пенали ако државата дозволи стапката на криминалот да опадне. Е па, Америка.

Кај отидоа парите?

До последен долар, официјални статистики за тоа каде Американците лани ги потрошиле парите. И богато и сиромашно, и шуто и рогато.

Зошто Швеѓаните се толку тивки?

Можеби нема да ви се верува, меѓутоа тајната на прочуената скандинавска тивкост е во еден концепт кој и ние го имаме и се вика: таман.

Синдромот на турско кафе

Целата приказна доаѓа од програмер роден и израснат во Украина, кој сега живее во Бруклин и јаде во турски ресторан во кој не служат турско кафе. И сето ова успева да го поврзе со неговите проблеми околу програмирањето.

На светот му треба домаќин

Моментално светот фрла една третина од целата храна што ја произведува и за чие создавање се троши површина колку Кина, Монголија и Казахстан заедно.

Авганистан, пред демократијата

По она што го гледаме на телевизија, Авганистан е земја која никогаш не излегла од Средниот Век. "Tоа не е оној Авганистан кој јас го памтам," вели американскиот универзитетски професор Мохамед Квајоми, кој растел во Кабул во 50-тите и 60-тите години. Фотографии сведочат за тоа како живеела оваа земја пред демократијата да ѝ влезе на голема врата.

Бездомникот што виде добрина од интернет

Минатата сабота бездомник од Бостон најде ранец со над 40.000 долари во него, во потег што ретко кој би го направил, тој го однесе ранецот во полиција, која пак го врати на неговиот сопственик. Интернетот реши да му се одолжи на бездомникот.

Битката за Шерлок

Наследниците на Артур Конан Дојл успеаа да состават една крајно шерлоковска одбрана во борбата за авторски права за ликот на детективот.

9 од 10 мажи сушат лажат

Секој 10-ти маж во брак изјавил дека би ја оставил својата сопруга во замена за 1 милион фунти, останатите 9 имаат страв дека нивните сопруги читаат анкети.

Убава вест што не се однесува на вас

Остатокот од денот можете да го посветите на информацијата дека во САД се падна премија од 400 милиони долари. Добитната комбинација ја има на само 1 ливче.

Франција ги забрани детските убавици

Сите детски натпревари за убавина веќе се забранети во земјата, со цел да се спречи "хипер-сексуализација" на младите девојчиња. Во иднина казната за избирање на детски убавици ќе биде 2 години затвор.

Фидел Кастро многу e по Аце

На чинарот на кубанската револуција драги му се и Хозе Марти, Маркс, Ленин и Наполеон ама никој не му е близок до срцето колку освојувачот од Македонија. До толку близок што три сина има крстено по него.