Грција, 180-годишна историја на позајмување

Во 1830-та, швајцарски банкар го помага почетокот на новоформираната грчка нација, основана на странски кредит кој никогаш нема да може да го отплати. Човекот е Жан-Габриел Ејнард, првиот кредитор на Грција.

 

Влегувањето на Кралот Ото во Атина

За разлика од денес во 19-от век Германија не била еден од кредиторите на Грција, а парите за новата држава ги обезбедуваат Франција, Британија, Холандија и Русија.

Кратко време откако ги позајмува парите Ејнард е загрижен за распаѓањето на Грција и врши притисок врз тогашните европски сили да ја натераат земјата да се доведе самата во ред и конечно да почне да го отплаќа кредитот што го зема. Тој дури ветува и намалена камата, само тие да почнат да го исплаќаат долгот. Во овој период британските и холандските банкари се трудат што е можно повеќе да ја искористат ситуацијата, игнорирајќи го Ејнард.

Во тоа време Грција се всушност неколку провинции и острови околу Атина и Пелопонез. Таа не може да тргува со големите пазари, а цените на хартиите од вредност зависат од уличните трговци и шпекуланти. Заради ова Ејнард му пишува на новиот крал на Грција, дека проблемите со кредитите ќе треба да се решат во тајност, за да се избегнат поплаки и проблеми.

Швајцарски Ле Темп прави споредба на тогашна Грција со она што денес се случува. За нив барањето за таинственост на Ејнард е слично на преговорите што денес се водат во Брисел за преструктуирање на грчките долг, кој и по заем од 240 милијарди долари и понатаму останува на 172% од БДП-то на земјата. Целта на ЕУ е 120% до 2020-та.

Втора работа што Грците ја влечат уште од времето на Ејнард, е илузијата за дијаспората која секогаш е способна за плаќање и спасување на Грците кои останале во земјата.

"Секоја општина што има проблеми со пари размислува да бара од Ниархос, Оназис или Латсис фондацијата. Голем дел од Грција се уште живее под впечатокот дека некој постојан добротвор ќе биде тука за нив," објаснува економистот Димитрис Кациакис.

Решението со долгот на Грција го измачува Ејнард меѓу 1830-та и 1850-та. Швајцарецот кој го заработува своето богатство со реорганизација на буџетите на неколку италијански градови, предлага "слалом на кредитори." На крај, швајцарскиот бизнисмен кој никогаш немал стапнато во Грција, ја плаши Европа финансиски да ја поддржи Грција заканувајќи се стабилноста на континентот.

"Толку е важно за европскиот мир да се одржи смиреноста, што јас сум уверен дека трите големи сили нема премногу да инсистираат од Грција на престрого враќање на долгот," пишува Ејнард во писмото до неговиот главен соработник во Грција, Јорго Ставрос, првиот менаџер на грчка банка финансирана од странските пари.

21 јануари 2014 - 18:07