Документарци на годината од Motherboard

Пред неколку години Motherboard решаваат да се пробаат со видео на интернет и почнуваат со снимање документарци подолги од 30 минути. Им успева повеќе отколку што очекуваат. За годинава ова им се најдобрите приказни во нивен избор.

Годинава 3Д печатеното оружје стана сериозно интересна тема. Во документарецот тие се обидуваат да ја разјаснат целата работа и да објаснат како функционира.

Темата е легализацијата на марихуана во Колорадо.

Документарецот е за пушката која сама нишани и се поголемото користење на технологија во новите модели на оружје.

Soylent е течност која треба комплетно да го замени јадењето храна. Според производителот, течноста ги содржи сите состојки што му се потребни на организмот. Во овој документарец тие се обидоа 30 дена да не каснат ниту еден залак.

Во едно од видеата на германската редакција на Motherboard, темата беше експериментирање со вградува биочипови во луѓе.

Како да купиш оружје и дрога на мрачниот дел од интернетот.

Од Motherboard посебно се гордеат на ова видео бидејќи неговиот уредник "успеал да најде некој што развива технологија за користење што никогаш претходно не сме ја виделе, плус има одлична приказна, и на крај и самиот ја проба."

Ханк има 39 години, дипломирал на Харвард и е пластичен хирург во Њујорк. Тој го држи рекордот на Донки Конг - 1.138.600 поени. Винсет има 22 години и моментално е на трето место во светот на Донки Конг.

Брус Шнејер е автор на книгата Applied Cryptography, која на времето Вајард ја најави како "Книгата што НСА никогаш не сакаше да биде објавена." Ова е интервју со него.

Канадскиот министер за одбрана Пол Хејлер е највисокиот светски функционер кој признал дека верува во вонземјани. Конкретно во делот дека нè имаат посетено.

Уште еден документарец на тема вонземјани и нивните посети.

27 декември 2013 - 13:14