
Во истражувањето на Олд Спајс неверојатни 83% од девојките изјавиле дека мажите претеруваат со прскањето дезодоранси.
За да не се фатите одма дека "сигурно биле стари па затоа им смета миризбата," истражувањето е спроведено на девојки на возраст од 13 до 25 години. Исто така и 75% од мажите на оваа возраст сметаат дека претерувањето со прскање дезодоранси е сериозен проблем.
Студијата заклучува дека машките претеруваат со спрејот затоа што стравуваат дека тој брзо ќе изветрее ако не стават пола лименка од него.