Основано е во 1961-ва како социјален експеримент на кинеската комунистичка партија за создавање на идеалната социјалистичка населба. Од тогашните 600, денес има околу "2.000 регистрирани жители."
Секој од жителите има луксузна куќа, автомобил, бесплатно образование и здравствена заштита, и најмалку 250.000 долари во банка. Лошата страна на сето ова е што ако решиш да си заминеш од селото ги губиш сите поволности. Друга работа, според одредени извештаи жителите на селото работат по 7 дена во неделата.
Сите куќи се идентични (нешто слично како американските предградија), а селото се простира на површина од околу 1 километар квадратен. Во селото функционираат неколку кооперации, во кои претежно работат емигранти од регионот. Инаку, подобностите што ги уживаат регистрираните жители не важат за мигратнтите.
Речиси една третина од приходите на селото доаѓаат од индустријата на железо и челик, а еден дел доаѓа и од текстилните фабрики. Хуаси заработува и од 2-та милиони туристи кои секоја година доаѓаат да го погледнат идеалното село.