
Во 1965-та (од тогаш бројат истражувачите од Европа) само 30% од светското население имало доволно храна, сите останати живееле со помалку од 2.000 калории на ден. Ова посебно важело за Блискиот Исток, Африка, Латинска Америка, Кина и Југоисточна Азија.
Денес 61% од човечката популација има пристап до 2.500 или повеќе калории на ден.
Она што научниците го забележаа е дека државите кои историски имаат недостаток на храна не го решиле проблемот со тоа што почнале да произведуваат повеќе, туку само увезуваат повеќе храна. Главни извозници се САД, Канада, Австралија, Аргентина и Бразил.
Паралелно со растот на снабдувањето со храна се зголемува и консумацијата на животински производи. Сега на светско ниво учеството на калориите од животинско потекло во исхраната е порасната за 2,6 пати.