Селаните од велшкото село Вертег се побуниле против предлогот за промена на спелувањето на името на нивното село. Се побуниле доволно гласно па локалните власти од кои потекнал ваквиот предлог ги уважиле нивните негодувања.
А промената на Вертег во Фертег е доволно издржана бидејќи таа буква не постои во велшкиот јазик.
Сепак, селаните инсистирале да си остане по старо бидејќи по ново можат само да служат за мајтап па новиот напис туѓинците да го читаат како "Fart egg".
Многу знаци во Велс се напишани двојазично, на велшки и на англиски. На пример Кардиф е и Cardiff и Caerdydd. Некои велшки топоними се поангличанети а некои држат до традиционалното спелување.
Препорака на надлежните велшки органи за јазични прашања е во случаи кога велшкиот и англискиот се разликуваат во само една или две букви, да се оди со унифицирано име, по можност велшкото.