30 луѓе што не успеаа до 30 години

Форбс ја објави листата 30 под 30 во која ги наведува 30-те моментално најуспешни луѓе во светот кои се уште немаат наполнето 30 години. За сите нив одлично, за останатите ви пренесуваме друга листа, 30 успешни луѓе што никогаш не би се нашле на листата 30 под 30.

1. Џорџ Клуни
На 30 години Клуни работеше како телевизиски актер. Неговата најзабележлива улога беше гостувањето во 11 епизоди на "Roseanne."

2. Леонардо Да Винчи
На 24 години е ослободен од обвинувањата за содомија. На оваа возраст ги добива и двете "тезги" за работа во капелата Сент Бернард. Ниту една од нив не ги завршува до 30 години кога се преселува во Милано.

3. Леонард Коен
Првиот албум на Коен е објавен кога тој има 32 години. Пред тоа тој пишува поезија и романи и живее од скромниот фонд оставен од родителите.

4. Пророкот Мухамед
На 30 години Мухамед е трговец во Мека, во среќен брак со жена со која се разликуваат 15 години. Откровението кое му го менува животот доаѓа на 40 години.

5. Марк Твен
"The Celebrated Jumping Frog of Calaveras County," делото кое му го носи првото внимание на Твен е објавено само 12 дена пред неговиот 30-ти роденден.

6. Мајкл Блумберг
Блумберг станува партнер во Соломон Брос. на 31 година. Од таму е отпуштен на 39 години со надомест од 10 милиони долари. Парите ги користи за да ја започне Bloomberg LP.

7. Винсент Ван Гог
Ван Гог умира комплетно непознат на 37 години. Неговите најголеми дела се создадени по 30-та година.

8. Џорџ Орвел
Орвел на 30 години е учител во средно училиште и поранешен полицаец. Неговиот прв роман "Burmese Days," е објавен кога тој полни 31 година, и не привлекува некое големо внимание.

9. Двајт Ајзенхауер
Дипломира со среден успех во својот клас во Вест Поинт. До 30 години тој веќе е мајор, но никој нема очекувања дека тој ќе стане Врховен командант на сојузничките сили против Хитлер или претседател на САД.

10. Џос Видон
На 30 Видон е еден од писателите на "Roseanne" и го има напишано сценариото за филмот "Buffy The Vampire Slayer."

11. Емили Дикинсон
Таа почнува сериозно да пишува на 28 години. Анонимно објавува една поема пред 30 години. Дикинсон умира речиси анонимна.

12. Били Боб Торнтон
Торнтон не станува актер некаде до 30-те. "Sling Blade" е објавен кога тој веќе има 40 години.

13. Мајкл Ханеке
Веројатно најдобриот европски режисер на неговата генерација го има своето ТВ режисерско деби на 32 години. Неговото прво дело излегува на 47 години.

Останатите 17 тука

8 јануари 2014 - 10:17