Што подароци добија роднините на Кралицата

На почеток од годината британското кралско семејство го објавува списокот на официјални подароците што лани ги добиле. Според списоков далеку повеќе се исплати да си спонзоруша, него принцеза.

- Принцот Хари доби кожна пилотка винтјага од Првата дама на САД, кога беше во посета на поранешните колонии.

- Војводата од Единбург во 2013-та доби рударска ламба, шише пиво, два чифта манжетни и уред за Морзеова азбука.

- Принцезата Ана за време на посетата на Канада доби уметничка слика на која беше преставена таа како јава лос. Доби и книга со наслов "Your Arms Remind Me of Pork Luncheon Meat".

- Кралицата Елизабета Втора доби вреден накит, вклучувајќи бисерен ѓердан од Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, и брош од дијамант и турмалин за време на посетата на Канада.

- Војводата од Кент меѓу поклоните доби и стар шраф за тркала за Астон Мартин.

Листата се објавува секоја година бидејќи официјалните подароци што ги добиваат членовите на кралското семејство не се нивна приватна сопственост туку тие само ги чуваат истите во име на Кралицата.

16 јануари 2014 - 16:22