Разно

Њујоршки комшилуци

Upper East Side е болно скап дел на Менхетн со многу чуден комшилук. Едни до други, рамноправно се потпираат куќи на најбогатите и на најсиромашните луѓе на светот. Вториве, главно абер немаат за тоа.

Вовед во функционирањето на Формула 1

Објаснувањето е повеќе за Формула 1 како бренд, организација и спорт, само што не е спорт. Не заради дебата на олимписко ниво околу тоа што и зошто се смета за спорт, туку заради чисто корпоративни причини.

Приказните од гробницата во Амфиполис

Како што археолозите копаат се подлабоко во гробницата на Александар во близината на Сер, така се повеќе се развива приказната за семејна драма и кралски сплетки, пишува Нешнл Географик во репортажата од Амфиполис.

Како да испорачаш Ф1 болид околу светот за 36 часа

Без разлика како и да заврши годинешнава сезона на Ф1 (а заради новите блесави правила ова се можните исходи, сите во корист на Мерцедес), најсреќни ќе бидат вработените на ДХЛ кои повеќе нема да мора да се грижат за пакување, товарање и испорака на 22 болиди и неколку стотици тони опрема од еден на друг крај на светот. Барем до следната сезона.

Вселенски земјоделци

Земјоделството никогаш и никаде не било лесна работа, ама па и никогаш и никаде не било толку напорно да обработуваш земја на планетава за да решиш дека веројатно повеќе ти се исплати да почнеш со аграр во вселена.

Човекот што остави милиони за да стане земјоделец

Човекот е НФЛ играч, кој едноставно го откажа својот 37 милиони долари вреден договор, купи трактор и нива, и почна да сади. Нит беше повреден кога го направи ова, ниту на тешки дроги.

Поезијата на кинеските самоубијци

Во неколку неодамнешни самоубиства во Кина, жртвите зад себе наместо проштално писмо оставаа поеми за збогување. Не текстот од омилената песна, туку поеми што сами ги напишале.

Геј, алкохол и Катар 2022-ра

Запрашан за тоа како геј фановите ќе бидат пречекани во 2022-ра, министерот спорт на Катар, одговорил: "Тоа ти е исто прашање како и алкохолот." Ако не ви е јасно, што се однесува до алкохолот, во Катар нема да има многу алкохол.

Норвешко домашно насилство

Полицијата во Осло реагирала по пријава од комшии за драње и извици од станот на еден сосед од зграда. Интервенираат итно без препрашување. Кога стигаат на лице место, ним им доаѓа да почнат да предизвикуваат домашно насилство.

Пишман вселенски туристи

Дваесетина луѓе кои се во претплата кај Вирџин Галактик, се предомислија околу патувањето во вселената со туристичката агенција за вселенски летови, и побараа од компанијата да им ги врати парите што ги уплатиле.

Фудбалерот што не стави булка

По повод денот на сеќавањето (11-ти ноември), сите фудбалери во англиските лиги, како и остатокот од земјата, на своите дресови ставаат црвена булка во знак на сеќавање на сите загинати британски војници. На годинешното одбележување, еден фудбалер одби да стави булка. Пред јавноста да побара линч тој ги објасни своите причини.

Како да лажеш народ (колеги) со табели

За тие што го имаат надминато основното лажење со бројки и лоши контексти на анкетите, статистиката нуди пристап до повисок степен на заблуда - визуелно прикажување на бројките.

Дебелокошци версус црвенокошци

Речиси една деценија трае спорот меѓу  Индијанците и рагби клубот Редксинс од Вашингтон бидејќи првиве го сметаат името на клубот за навредливо. Пазете која е моменталната правна ситуација: Клубот може да ги тужи Индијанците.

Го убиле насилството во него

Дечко и девојка речиси на смрт претепале поранешен цимер бидејќи мислат дека им украл нешто од станот. Еве го твистот: двајцата уапсени се гласни организатори на демонстрации против насилства.

Црвениот крст има причини да црвенее

Додека драстично не го поправи начинот на кој работи и ги троши средствата, не донирајте во Црвениот Крст, порачува Gawker пренесувајќи го поразителниот извештај за функционирањето на угледната хуманитарна организација во САД.

Русија - Америка: Заради тебе експлодира ракетата

Американци: Русите ја лансираа ракетата и ракетата има руски мотори, што значи дека они се криви за експлозијата. Руси: Ракетата имаше руски мотори кои совршено работат, ама Американците ги модификуваа пред полетување што значи кај нив е кривицата за експлозијата.

Тажна вест за синот на еден познат пеач

Ничим изазван, "малиов" се соблекол по гаќи на еден аеродром. Ама, не е тоа тажното.

Каде што парите растат на дрво

Во шест американски држави туристичката сезона почнува во октомври, кога почнуваат да им доаѓаат луѓе со посебно хоби - гледање дрвја со жолти листови. Додека да ги снема сите жолти листови, тие ќе направат околу 3 милијарди долари.

Како да го заслужиш правото да купиш ЛаФерари

Ја добиваш лото премијата што од секогаш замислуваш дека ти следува, пакуваш една торба со пари и одиш за Маранело за да се почестиш со еден ЛаФерари. Уште тетката на рецепција во Ферари и е јасно дека тебе нема да ти продадат ЛаФерари.

Правдата не е во парите?

Маж од Алабама кој тужеше за тоа што по една потера со автомобил бил шутиран и удиран од полицијата на крај од градот ќе добие отштета во износ од 1.000 долари. Неговите адвокати ќе добијат 459.000 долари.

Доктор Оз остана сам

Не дека оваа вест ќе им смени нешто на македонските домаќинки кои се колнат во него.

Драги наши образовни слепци, ОВА е граѓанско воспитување

Седењето во училиште и онака знае да ги подгрбави децата. Особено овде, каде системот си помислил дека една од неговите задачи е да им ги омекне кичмите на младите, за полесно да се виткаат понатаму во животот (Види "Kако сум систематски уништен од идоти"). Ако е така, одиме ние со малку физикална терапија.

Дубаи, не е сè во брзината

Логиката е за да стигнеш побрзо до место на некоја несреќа ти треба Брза помош што може да развие што поголема брзина, на пример 260 км/ч. Ништо од оваа логика не води кон Лотус Евора. Ама не и во Дубаи.

Вистинскиот Кристофер Колумбо

Немало никаква херојска авантура, туку само крвопроливање, не треба да се слави Денот на Колумбо, своевремено напиша во својата книга A People's History of the United States, историчарот Хауард Зин.