Инсајдерски, објаснувањето е дека на Гордон не може да се помири со тоа колку добро му оди на Џејми со маркетинг и правење пари. Ова е посебно мачно за него ако се има предвид дека го смета Џејми за крајно просечен готвач - "one-pot wonder".
Според друг извор двајцата не можат да се поднесат уште од времето кога работат на Канал 4 на емисијата Тепачки со храна (2007-2011), која се емитува во првите неколку денови од почетокот на новата година. Иако тие се примерни пред камера, двајцата не можат да се поднесат по снимањата. Тие одбиваат и да се фотографираат заедно, заради што промотивните материјали се спојувани во Фотошоп.
Ремзи на отворањето на својот ресторан во Хонг Конг го нападна Оливер за тоа што не се појавил на отворањето на сопствениот ресторан во градот. На ова Оливер одговори викендов во Сиднеј Опера Хаус, објаснувајќи дека Ремзи се' ќе направи за да го нападне бидејќи "е љубоморен и не може да скопча зошто го правам тоа што го правам и зошто тој не може да го направи истото."
"Тој е премногу зафатен со викање и дерење и претставување на нашата индустрија како еден куп викачи. Тој е платен да биде гневен. Тој е платен да те преплавува со негативност," изјавил Оливер, за што подоцна се извини објаснувајќи дека му било криво што паднал на провокации и дека не сакал да ги вознемири децата на Ремзи само затоа што тој е скаран со татко им.
Во претходните "јадачки" Оливер го исмејуваше Ремзи за тоа што има ботокс и дека многу порадо би ги читал книгите со рецепти од неговата сопругата (Тана Ремзи).
За возврат Ремзи во едно интервју кажа дека единствен пат кога се пожалил на храната било во ресторанот на Џејми Оливер.
Од односите со другите колеги:
- Ремзи во 1998-ма од својот ресторан го има избркано критичарот за храна АА Гил, кој на ова одговори нарекувајќи го Ремзи "прекрасен готвач, но второкласно човечко суштество."
- Бордејн ја нарече бизнис праксата на Ремзи "срамна и патетична" откако Шкотот во Британија поднесе барање за заштита на брендот The Spotted Pig, една од "њујоршките гастрономски институции." Објаснувањето на Ремзи беше дека нема намера да отвора ресторан под ова име, туку само сака да го спречи доаѓањето на ресторанот на островот.
- Британскиот готвач Марко Пјер Вајт тврди дека Ремзи со камери се појавил на неговата свадба, без воопшто да побара дозвола за тоа.
- Марко Батали се скара со Ремзи затоа што вториов го нарече "Фанта пантолони." По ова Батали му забрани на Ремзи да се појавува во неговите ресторани.
Што се однесува до љубомората кон Оливер од воведот, Џејми се проценува дека вреди 324 милиони евра, а Ремзи е на 108 милиони.