Не е до инаетот, до човекот е

Има сосема нормални луѓе кои нормално функционираат во општеството и во врските и комуникацијата со други луѓе, а во исто време не им е никаков проблем да се извинат ако згрешиле нешто.

Без притисок од околината или некој/а со кој/а си тераат инает, истражувачи од Универзитетот на Западна Австралија на испитаниците (избрале 137 луѓе, кои потоа морало да донесат по еден близок човек во студијата) им даваат да решат неколку тестови за сопствениот карактер, а потоа по иста основа биле оценети и од човекот што го поканиле.

Тие требало да одговорат и колку е веројатно или не, да се извинат во одредени ситуации. Се на се, оние кои имале повисоки резултати за совесност и искреност / скромност е поверојатно да кажат дека и почесто се извинувале.

Заклучоците генерално имаат логика и се во согласност со она што до сега се знае, меѓутоа она што истражувачите не откриваат е нешто повеќе за карактерот на човекот што се извинува, кој баш и го немаат најдобро разбрано. Уште една работа кој им останува матна, е зошто луѓето кои по карактер имале тенденција да се согласуваат со околината било помалку веројатно да понудат брзо извинување.

31 март 2015 - 09:45