Анализата ја прават од Универзитетот во Пало Алто, и заклучуваат дека вниманието на научниците кон новите студии полека бледее, односно многу побрзо забораваат на нив отколку претходно заради се поголемиот број, "нешто слично како што ги забораваме листите на Базфид кога ќе ни заврши паузата за ручек."
"Научниците откриваат дека ова е заради експоненцијалниот раст на бројот на публикации, кој неизбежно ја забрзува нивната замена со нови заради ограничениот капацитет на научниците во следење на научната литература," објаснува Сара Кофман за Вокатив.
Студијата алармира дека постои дополнителна опасност голем дел од научниците да почнат се почесто да забораваат важни студии.