Пеновото фак ју за глупите без хумор

Кога доделуваше Оскар, Шон Пен се нашали со својот пријател кој го режираше Birdman. Дел од јавноста оперирана од хумор едвај чекаше да се разгневи околу нешто и таквата негова изјава ја протолкува како расистичка. Шон Пен им порача дека се глупи и ги отера кај што им е место.

За време на доделувањето на последните Оскари, Шон Пен му фрли ремет на својот пријател од Мексико околу тоа тоа дали тој воопшто има зелена карта за да присуствува на наградите.

"Изненаден сум од флагрантната глупост," рече Шон Пен коментирајќи ги реакциите дека тоа што го изјавил било невкусно и расистичко.

"Всушност, имам едно големо фак ју за сите што се толку глупави да не ја сфатат иронијата. Така е тоа во земја во која има толку ксенофобија. Да беше по нивно, овде ќе немавме големи филмаџии како Алехандро. Фала му на Бога што имаме."

Кога го отвори победничкото плико и го виде името на победникот, пред да им го соопшти на сите, Шон Пен рече:

- Кој бре му дал на овој зелена карта?

Инаку тој и Инариту се добри пријатели а Пен објасни дека сакал неговиот другар прв да дознае дека тој е победникот пред сите во салата и пред телевизорите да го слушнат неговото име.

10 март 2015 - 15:39