
Меган Гарбер во Атлантик прашува зошто вообичаено злобната и лоша маќеа, во најновата филмска верзија на приказната е преставена како - сурова и немилосрдна.
"Малтретирањето на Пепелашка од страна на маќеата не е резултат на некоја уникатна злоба (на втората); туку напротив е директен резултат на немилосрдноста што и ја приредува нејзиниот сопствен живот. А тоа е директна последица на тоа што таа е жена. Лејд Тремејн имала сопруг во кој некогаш била заљубена, и со него имале две ќерки. Но тогаш: нејзиниот сопруг умира. Таа е оставена сама да се бори во свет кој има многу малку почит и разбирање за самохрани мајки, посебно, со ќерки. И таа го прави она што морала да го направи, но од социјална и економска неопходност: таа повторно се мажи.
Ама овој пат не од љубов; овој пат е со човек кој се уште ја тажи смртта на својата сопруга; и кој повеќе го претпочита друштвото на својата ќерка од нејзиното. Очајот се претвора во љубомора; и кога умира таткото на Пепелашка, надежта станува омраза," пишува Гарбер.
За ликот на маќеата, режисерот на филмот, Кенет Брана, објаснува дека "она што го чувствувате е жена со голема пасија која изгледа како да направил поинаков избор кога била соочена со овие предизвици, со овие моменти на неизмерна тага и болка кои ги видовме во лицето на Пепелашка. Таа прави поинакви избори соочена со овие ситуации."