Митот за разликите во платите

Сигурно ова сте го чуле многу пати - од Патриша Аркет до радикалните феминистки на Тамблер, дека жените во САД не заработуваат исто колку и мажите (односно дека добиваат .77 центи за секој долар којшто го заработува маж). Еве зошто тоа не е точно.

Најпрвин, да ја разгледаме споменатата разлика од 23 центи. Таа е одраз на јазот помеѓу просечните приходи на сите мажи и жени кои се во постојан работен однос. Притоа, не се земени предвид разликите во занимањата, позициите, образованието или бројот на одработени часови. Кога на ист куп ќе ги ставиме сите овие фактори, разликата во платите ќе излезе дека е само 2 цента.

Повеќето од работните места кои ги заземаат жените подразбираат помалку работни часови - просечно постојано вработените мажи работат плус 6 часа неделно, или 15 проценти повеќе од просечната вработена жена во постојан работен однос.

Погледнете ги 10-те најплатени професии во САД:

Кај наслабо платените е поинаку:

Да речеме дека не се согласувате со наведеното и сметате дека жените заработуваат помалку дури и кога работат во истата област. Ова е точно. Сепак, причината зошто мажите се платени повеќе е едноставна: дури и во истата професија мажите поверојатно ќе клонат кон високо стресни и повисоко платени области на специјализација. На пример, во рамки на медицинската професија, мажите гравитираат кон релативно високостресни области (на пример кардио-хирурзи), додека за жените е поверојатно дека ќе одберат релативно пониско платени области на специјализација како педијатри или стоматолози. Ова не е сексистичка забелешка, ова е факт.

Постои и потенцијален проблем самите шефови да се сексисти, и тоа да е причината зошто жените се помалку платени. Но дури и кога самите жени се сопственици на бизнисот, значи си се шефови самите на себе (немаат шовинистички шеф кој ги држи опресирани), тие заработуваат 76% помалку од мажите во истата ситуација.

Има и поинакви ситуации - на пример факт е дека немажените жени заработуваат повеќе од неженетите мажи. Според официјални податоци, жените кои не се во брак заработуваат 14% повеќе од ергените. За крај, ако некој маж не верува во „јазот во платитe" тоа не значи дека не верува во важноста на жените и во нивното право на еднаквост, туку само бара коректно толкување на бројките.

11 март 2015 - 18:13