Претходно француските интелектуалци редовно предупредуваа на осиромашување на литературната вештина во училницата, жалејќи се дека "денешните деца нема да знаат како да зборуваат" (посебно виновно за ова е законот кој бара од француските радио станици 40% од песните што ги пуштаат да бидат на француски).
Аргументите на министерката Флер Пелерин, и нејзините симпатизери, се дека "јазикот не е споменик, туку е жив систем што дише и пред се е алатка за комуникација. Како резултат на ова тој постојано еволуира - а сите оние кои жалат по старите добри времиња звучат како пензионери кои се уште инсистираат своите сметки да ги плаќаат испраќајќи чекови по пошта."
Целата ситуација ја анализира Французин инаку професионален преведувач (и пријател на авторката на текстот во Гардијан). Неговата логика е дека англискиот и францускиот имаат различни предности во различни околности. Односно "францускиот е совршен на пример за дипломатија, затоа што перфектното владеење на овој јазик ти дозволува бескрајно многу зборување без ништо да кажеш, "во францускиот ова го нарекуваме - давење риба (во вода)." Од друга страна англискиот е многу подиректен, заради што англиските и американските дипломати не би се осудиле да ги копираат Французите. Публиката не може да се прелаже со англиски јазик, и во него веднаш може да се забележи недостаток на аргумент."