Математиката е дека годишно околу 20 натпревари од првата рунда на големите тениски турнири се наместени, и тоа најчесто затоа што е премногу лесно да ги наместиш.
Основани во Украина во 2008-ма, пред неколку денови нивни членки протестираа против ИСИС пред џамија во Мароко, главно оружје им e многу глас и голи гради.
Разбирлива е одлуката на надлежните во Дизниленд; тие дале милиони долари да го привлечат и задржат вниманието на своите чудесии а луѓето упорно се занимаваат со себе. Па како без селфи стик ќе останат спомени? Па нека памтат малку.
Во Есен беа пуштени во погон неколку градски автобуси на кои јасно се обележени седиштата за германски граѓани и за оние другите. За да се задржи историската веродостојност седиштата за овие вторите се во задниот дел од автобусот.
Поглаварот на Римокатоличката црква ги потсети денешните големи сили на едно непријатно прашање од Втората Светска војна: Кога веќе Сојузниците знаеле за ужасот во Аушвиц, зошто никогаш не ги бомбардираа железничките линии кои водат кон овој логор на смртта?
Малком Гладвел од таа страна на светот е познат како новинар и автор на пет книги, од кои сите пет се на бестселер листата на Њујорк Тајмс. Од оваа страна на светот е познат по еден ТЕД говор кој го почнува со совршениот рецепт за сос за шпагети а го завршува со природата на изборот и среќата.
Годинава околу 300 луѓе ќе се пријават за работа како чувари во казненопоправни установи во еден затвор во земјата. Од нив само 30 ќе бидат примени во тренинг програмата. Само за да минеш квалификации треба да имаш коефициент на интелигенција над 100.
Откако модел ќе потпише за некоја агенција, треба да поминат неколку месеци до година пред тој да почне да заработува од ангажмани. Во ова време агенцијата му дава пари за кирија, храна и џепарац. Агенцијата бара да и ги вратат парите кога моделот ќе почне со работа. Проблемот е што некои завршуваат со долг од 20.000 долари и никога не ни почнуваат да работат.
Има две ограничувања, првото е дека можеш да го купиш само на старо (ама првата газдарица била една постара госпоѓа и го возела само до пазар и супермаркет), и второ на располагање го имаш само Т-72 моделот. Цена - 50.000 долари.
Деновиве навршија 800 години откако Магна карта доби штембиљ. Документот има речиси митско значење во англо-американскиот правен систем. А каде има мит, има и потреба од деконструкција на истиот.
Изградба на забавен парк со истиот капацитет и изглед како тој од филмот, ќе чини 23,4 милијарди долари. За да функционира паркот а да не банкротира, ќе треба да заработува 11,9 милијарди долари годишно.
Нашиве 200 километри земја што ги минуваат имигрантите веројатно не се ни ставка на список на опасни работи што можат да им се случат по пат (ама и не дека сме некаква олеснителна околност во целото патешествие).
Десетина илјади московјани потпишаа петиција против планираната локација на 24-метарски споменик на Владимир Велики, кој според нив ќе го уништи изгледот на градот. И тоа е само почеток на приказната која е мешавина на естетски, политички и историски проблеми. Звучи познато?
Професор по филозофија на Филозофскиот факултет во Нови Сад ги споделува своите искуства со обидите да им ја приближи љубовта кон мудроста на неговите студенти. Дали е тоа воопшто можно со млади луѓе кои не разликуваат среден век од среден прст и мислат дека Аристотел предавал во Париз? И чуму воопшто филозофија?
Најголемиот дел од вас ќе се препознаат во текстов како да е пишуван за нив и по нивна животна приказна. Тема, прокрастинација - одложување на важните работи за сметка на комплетно небитните работи во текот на денот.
Под многу притисок од Франција, Белгија одлучи да се повлече и да не кова комеморативна монета од 2 евра за 200 годишнината од поразот на Наполеон кај Ватерлo. Исковаа монета од 2,5 евра.
Тоа што човек е информиран и располага со податоци за тоа како функционира државата и кој на кого му е што, никако не значи дека истиот тој човек знае за што зборува, а уште помалку дека е објективен.
Освен постојаната борба со криминалот, силите на злото и неподносливи туристи, полицијата на Абу Даби има и една дополнителна ставка за која само треба да размислува - како да најдат поскапа кола од најскапата што ја има полицијата на Дубаи. Најдоа.
Иако протестите во кампусите на американските универзитети изгледаат како изолирани случаи, моменталната атмосфера во нив на многу 68-маши им изгледа како онаа во нивно време.
Деклан Хил е истражувачки новинар, конкретно насочен на фудбалот, уште поконкретно местење натпревари, крајно ниво на конкретност: како се договара местењето, како се сигнализира и како им се исплаќаат парите на сите.