Среда попладне е во кафе Житан, и (ТУКА СТАВЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА ЖЕНСКА СЛАВНА ЛИЧНОСТ) втрчува низ вратата со 15-минутно задоцнување. Вели дека сообраќајот бил хаос, и великодушно ми нуди уште едно кафе.
„Не можам да живеам без кофеин", се исповеда. „Ова е мојата 12-та шоља денес".
Откако ќе седне се смирува, а нејзината тенка става практично „плива" во копринестиот фустан.
„Фала", вели кога и' давам комплимент за изгледот, а потоа ми се приближува и ја покрива целата уста со рака. „Го купив на Таргет (ефтина онлајн продавница)".
Ја остава Хермес Биркин чантата од 65,000 долари на празната столица покрај неа, и почнуваме а муабетиме за нејзиниот мемоар кој треба излезе следниот месец.
Кажете ни за вашата диета. Како останувате во ваква форма?
Мразам да вежбам, па си ги одржувам стомачните во кујната. Наутро јадам банана, затоа што може само да ја грабнеш и да ја јадеш во од. Или земам 6 бадеми, што обично ме дружи сита неколку часа. Кога сум раскалашна можете да ме фатите со млечно чоколадо! Сте пробале М&М? Тие ми се нов хит.
Да, секако сме пробале! Толку се вкусни! Како изгледа вашата типична вечер заедно со вашиот сопруг?
Ние не сме како други парови што сакаат да се дотеруваат и да одат во ресторани со пет ѕвездички цело време. Може да не' видите како јадеме кинеска храна. Најчесто јас сум во хеланки а маж ми во маица. Понекогаш се погледнуваме и си викаме: „Да не имаме 80 години?" Но тоа сме ние, и горди сме што е така.
Кој е најдобриот дел од вашиот ден?
Дефинитивно минувањето време со моите близначки (шестгодишните Ероу и Ларк). Едноставно сакам да седам со моите деца и да бидам „мамичка".
Со што сте тотално опседнати во последно време?
Дали некогаш сте чуле за грнчарство? Ептен навлегов во тоа, ама бидејќи немам толку време со сите тие снимања, почнав да собирам онакви фигури што самиот ги боиш. Жими се', моите чистачки ми викаат „Доста носиш од ова керамикава дома", „Немаме веќе каде да ги ставаме", но не можам да издржам со сите овие креативни сокови што течат низ мене.
Кажете ни нешто за вашиот работен распоред.
Мојот тренер Гинтер ме тера да станувам во 4:30 наутро за брз 82-минутен спринт. Знам дека звучи лудо, и првиот ден навистина беше тешко, но потоа беше супер лесно. Го правам ова во последниве...боже...седум години? И ме одржува толку зен. Единственото утро кога го прескокнав трчањето беше кога имав царски и тоа ми го поремети денот - Гинтер се уште ме тера да го надоместам тоа.
Тоа звучи премногу строго, ама вие изгледате прекрасно! Како се мотивирате?
Тоа да имаш добра плејлиста помага. Срам ми е да кажам, ама не можам да ги изнаслушам One Direction во моментов. Ептен го сакам Зајн! Маж ми се преправа дека не му е гајле, но е многу љубоморен. Да паузираш е исто така важно, па околу 11 наутро запирам за брзо фрапе од пченична трева пред да одам на базен и во теретана. Со Гунтер ни требаше време додека да дојдеме до совршената рутина, но сега системот е воспоставен и обично сум спремна да го почнам денот околу 2 попладне!
Што ви е омилената облека за преку ден?
Апсолутно живеам во овие стари Rag and Bone џинс кои ги купив во 2013 (КУПЕТЕ ГИ ТУКА: ЛИНК). Најдобрата модна тајна се и Олд Нејви блузите. Ги имам во сите бои. Врв на се' е јенки капче. Маж ми ќе ме убие. Ги сака Доџерси! Чао мили, ако ме читаш.
Што ве нервира најмногу?
Јас сум од срцето на Америка, па малите нешта како манири ми се многу важни. Три пати повеќе велам „молам" и „фала" за да нивелирам нечии туѓи лоши манири ако слушнам дека се безобразни. Така правиме кај нас.
Како ја одржувате кожата толку чиста?
Вода! Пијам по шест литра на ден. Знаете ли дека повеќе од 70 од вашето тело е вода? Мојот нутриционист ми го сврте умот кога ми го кажа тоа, го гуглав и испадна вистина. Кога бев тинејџерка, никој не се грижеше околу тоа да пие вода. Се сончав и речиси и да не ставав крема за сончање, и нормално едно време забележав мали „смејалици" брчки околу очите во моите рани 20-ти. Тие сепак веднаш исчезнаа кога почнав со режимот со вода.
Прекрасен совет - ќе ви го украдам! Па кажете ми, кој ви е симпатија од познатите личности?
Веќе некои знаат, ама навистина ми се свиѓа Адам Драјвер во последно време. Неодамна гледав епизода од Грлс во авион и си реков „Здраво!" Не му кажувајте на маж ми, ќе ме убие.
Која ви е омилена апликација на телефонот?
Ја сакам онаа за часовник - ја користам како аларм!
Што ТОТАЛНО го нервира вашиот сопруг?
Имам чудна навика да не можам да излезам од дома ако не си ги измијам заите. Мојот утрински здив е ок ако се мотам низ дома, но ако веќе излезам во свет да зборувам со луѓе мора да се освежам. Таква сум. А маж ми вика, „Ајде бејби да излеземе! Ќе ни избега авионот!". А ја сум као „Не додека не ги измијам забите".
Кому најчесто му праќате СМС?
Ова е многу лигаво, ама на маж ми. Секогаш зборуваме за малите нешта, како на пример каде ни се децата. Тотални „нрдови".
Која позната личност има најдобар Инстаграм?
Пристрасна сум затоа што ми е НПЗ (најдобра пријателка засекогаш) ама ќе речам Тејлор Свифт. Толку е безгрижна и забавна со нејзините пријатели! А да, и Биојнсе. Ми се допаѓа нејзината работа.
Што имате во чантата во моментов?
Ништо премногу лудо. Мојот ајфон, мојот Блекбери - и се уште си го сакам. Лоша сум! Неколку бадеми и зелен џус. Книга мора да се има за сите оние долги седења додека ти ја местат косата и те шминкаат, особено сега кога сум автор - морав да истражувам! Ја читам „Диво". Сте чуле? Во моментов сум ептен по феминизам. И не можам да одам никаде со ЕОС стикче за уста со вкус на ванила минт (КУПЕТЕ ГО ТУКА: ИСКОРИСТЕТЕ ГО КОДОТ СЕЛЕБ1234 ЗА 3% ПОПУСТ)
Со сиот ваш успех, и сега новата книга, како успевате да најдете време за себе?
Тоа е навистина добро прашање, и ќе ви го одговорам. Немам време за себеси. Јас сум сопруга, мајка, глумица, а сега и авторка - а денот има само 24 часа, знаете? Понекогаш кога сум сама си го гуглам името само за да се осигурам дека сум се уште релевантна. Или си стојам пред огледало со часови штипкајќи си го салото на лицето. Понекогаш ми доаѓа да заплачам, но и тоа е фино затоа што треба да плачам за една голема сцена што набргу ќе ја снимаме, па кога се гледам самата како го правам тоа е одлична вежба. Мислам дека повеќето луѓе би биле многу изненадени ако виат каков е секојдневниот живот и работата во една индустрија која постојано ти се заканува дека ќе те заборави. Извини, што беше прашањето?