22 години старата и една милијарди долари вредна зграда во која е сместен Европскиот парламент комплетно ќе се реновира за да се овозможат подобри услови за старите европарламентарци и да се отворат нови канцеларии за оние од земјите како Македонија, Србија и Црна Гора за кои не постојат никакви гаранции дека наскоро можат да бидат дел од ЕУ, пишува агенцијата Брајтберг.
Многумина сопственици на недвижнини таа 22 години стара зграда чија изградба чинеше цела милијарда евра би ја сметале за нова но под плаштот на неопходните поправки европарламентарците испланирале нејзино комплетно преуредување и проширување.
"Техничките студии покажуваат дека објект во кој е користен постоечкиот тип материјали има рок на траење од 20 години", наведуваат надлежните служби прогласувајќи ја зградата за амортизирана.
Наместо по една, секој пратеник во иднина ќе има по три канцеларии за себе и своите асистенти (последниве години ним значајно им се зголеми работниот буџет). 200 од новите 750 канцеларии ќе се држат како "стратешка резерва" за аспирантите за членство.
Проширувањето на објектот наречен зградата на Спаак предвидува и нова амбуланта, кујна и игралиште. Политичките групации ќе добијат 50 нови канцеларии а ќе има и 100 нови конференциски простори за делегациите кои го посетуваат Парламентот.
Не е откриена проценката колку сето тоа ќе чини.