Пред да го отвориме шампањското кое го чуваме за специјални пригоди од ваков тип (последното од таа гајба го отвори Кљусев), малку да се издишиме со фактот дека се работи за градежен зафат. Ќе се проширува зградата на Европскиот парламент, меѓу другото и за да имало место и за пратениците од оние земји кои потенцијално се со години оддалечени од влез во Унијата.