Во тоа време како последица на ембаргото, во САД освен што се креваат цените на нафтата, се воведува и ограничување на количината на гориво што може да се наточи на бензиските станици. Неколку години подоцна, САД започнуваат со составувањето на нафтените резерви, полнејќи пештери од камена сол со сурова нафта.
До сега резервите им се нашле на САД во неколку ситуации, како првата Заливска војна кога има прекин на испораката на нафта од Блискиот Исток, или ураганот Катрина, кога имаше потреба од итно снабдување со гориво во рок од 24 часа по катастрофата.
Изборот е на пештерите со камена сол, затоа што солта не дозволува распаѓање и мешање на суровата нафта, што ја прави одлична за нејзино долгорочно складирање. Моментално буџетот за одржување на резервите е 200 милиони долари годишно. Проблемот со пештерите со сол е што не се комплетно стабилни, па често се случува да се одрони дел од ѕидот или таванот, што може да ја оштети машинеријата што е инсталирана.
Моменталните резерви се проценуваат на околу 43,5 милијарди долари.