Наградата ја доделува Кралскиот институт на британски архитекти, а лично е одобрена од кралицата, и се однесува на целиот нејзин опус. Наградата не ја добиваат само архитекти, туку тоа може да се и инженери, интелектуалци, теоретичари и слично. Во 1999-та наградата ја доби градот Барселона.
Во 2004-та таа беше и прва жена и прв добитник од исламска вероисповед на Прицкер наградата за архитектура, еквивалент на "Нобел за архитектура".
Њујорк Тајмс ја опишува Заха како "најразвиениот талент во нејзината професија," а освен ова зад себе има и портфолио од спектакуларни објекти во 44 држави низ светот.
"Меѓутоа нејзините дизајни и нивната цена предизвикуваат контроверзии. Последен случај е нејзиниот дизајн на Олимпискиот стадион во Токио, кој победи на меѓународен конкурс и требаше да се гради, ама беше откажан од јапонската влада. Дел од луѓето изјавија дека не им се допаѓал, и дека им наликувал на школка. Други тврдеа дека по цена од 2 милијарди долари, тој е премногу скап," пишува Кејси Вебер за Кварц.
Само во моментов низ светот се градат повеќе од 10 нејзини објекти, од Истражувачкиот центар на Кралот Абдула во Саудиска Арабија, зградата на парламентот на Ирак во Багдад, стадион за Мундијалот во Катар, до плоштад во Кипар, уметнички центар во Кина, комплекс апартмани во Мексико и кула во Москва.
Минатата година, Хајдар Алиев центарот, дизајниран од Заха ја доби наградата за Дизајн на годината, со што таа стана првата жена во историјата што го добила ова признание.