Заха Хадид со години има статус на рок ѕвезда во светот на архитектурата, и со години ги гради некои од најголемите архитектонски ремек-дела низ планетава. По целиот овој труд, таа конечно ја доби Кралската златна медала, со што стана прва жена што ја добива наградата од нејзиното основање во 1848-ма.