Решението е во сервисот Икемесо Данши, кој нуди за изнајмување згодни момци кои ти ги бришат солзите додека плачеш и генерално те оставаат да се истуриш.
Услугата функционира во редовно работно време, и сервисот ќе ти испрати згодно машко, "курир", во канцеларија на работа. Кога ќе дојде, курирот ќе гледа тажни видеа со клиентката додека таа плаче, а во меѓувреме "со шамивче ќе и ги брише солзите нежно допирајќи и го образот."
Моментално изборот е меѓу шест икемен (згодно машко на јапонски) примероци, кои наплаќаат по 65 долари од сесија. На сајтот на сервисот не е наведено колку долго трае сесијата со бришачот на солзи.
Сервисот го развива Хироки Тераи, човек кој организираше јавно плачење и објави фото книга со згодни момци како плачат, инаку поборник на идејата дека плачењето го опушта стресот.