Според твитовите на полицијата од Манчестер имигрантот бил "многу бесен млад човек" кој веќе 10 години нелегално престојувал во градот и веќе не можел да го поднесе тамошниот живот.
Серијата на лоша среќа на човекот, продолжува откако тој е предаден на имиграциската служба на полицијата, која го регистрира и, спротивно на сите очекувања и желби, го пушта назад. Овој пат како регистриран имигрант.
По ова, на официјалната Твитер сметка на полициската станица беше објавено "Мажот уапсен заради барање депортација (му досадило по 10 години во Манчестер), веројатно ќе треба сам да си го најде патот до дома; беше ослободен откако завршија во имиграција."