Откриена Содома?

Група археолози веруваат дека ги откриле урнатините од библискиот град Содома на локација во Јордан. За потврда на откритието тие допрва очекуваат на местото да најдат гратис од Привилиџ.

Откритието следува по една деценија ископувања во источен Јордан, каде тие откопуваат град од Бронзеното доба. По 10 години копање археолозите веќе имаат откриено дел од одбраната на градот и повеќе плоштади поврзани со улици. Остатоците се до периодот меѓу 3500-та и 1540-та година п.н.е.

Според раководителот на тимот археолози, градот бил "чудовиштен" во однос на останатите градови од околината од тој период. Тие откриваат докази дека тој бил прошируван, и дека имал ѕидини дебели над 5 метри и високи над 10 метри.

"Тал ел-Хамам одговара на описот на областа во која според библијата се наоѓала Содома. Таму се тврди дека тој бил најголем град источно од Кикар. Па мојот заклучок е дека ако човек сака да ја најде Содома, треба да го бара најголемиот град што постоел во оваа област во Бронзеното доба, во времето на Аврам.

Кога јас го истражував регионот, Тал ел-Хамам беше очигледен избор, бидејќи е пет до десет пати поголем отколку останатите градови од Бронзеното доба низ регионот, дури и од оние најдени надвор од Јордан," објаснува Стивен Колинс од Тринити Саутвест Универзитетот од Ново Мексико.

Тој и неговиот тим се уверени дека станува збор за Содома, базирано и на тоа дека градот бил сместен покрај река и на главните трговски патишта. Процената на Колинс (која само го засилува неговото уверување) е дека големиот град бил напуштен во Бронзеното доба под мистериозни околности, најверојатно по земјотрес. Градот цели 700 години останал ненаселен, пред повторно да се вратат луѓе во него.

15 октомври 2015 - 14:02