Понудата доаѓа во време кога Израел и Палестина како да се почувствуваа навредени што Сирија и ИСИС се средиште на секоја можна најлоша вест на денот, па во изминатиов месец 44 Палестинци загинаа во немири и протести, а седум Израелци беа убиени во напади со ножеви, оружје или автомобили.
Гледајќи што се' се случува на терен, и како на тоа реагираат најразлични ликови низ медиуми, сопственик на хумус ресторан одлучи да удри на најмилото кај двете страни, па на инстантната желба на насилство и го спротивстави вродениот порив за ценкање и добивање попуст.
Понудата на Хумус Бар на Фејсбук е:
"Преплашени сте од Арапи? Преплашени сте од Евреи? Кај нас нема Арапи, ама нема ни Евреи. Кај нас има само луѓе! И оригинален одличен арапски хумус! И еврејски, одличен вреден за награда фалафел кој е бесплатен за секое репете од хумус, без разлика дали си Арап, Евреин, Христијанин или Индиец.
Специјална понуда: 50% попуст на хумус за масите каде што Арапите и Евреите седат заедно."