Математичарот и основач на хеџ фондот Ренесанс Технолоџис, Џим Симонс, преку неговата организација Математика за Америка, финансира 800 професори од јавни школи од Њујорк.
"Има даваме дополнителни пари, 15.000 долари годишно. Имаме 800 професори по математика и физика од јавните школи од Њујорк.
Има одличен морал меѓу нив. Тие остануваат во ова поле. Следната година, ќе има 1.000 и тоа ќе биде 10% од сите професори по математика и физика од јавните школи во Њујорк (градот, не сојузната држава)," објаснил Симонс во едно интервју.
Според бројките на Националниот центар за образовни статистики, годишната плата на професорите од САД е 56.383 долари, што е 1,3% пониска од пред 13 години.
"Наместо да ги тепаме лошите професори кои создадоа проблеми со моралот низ образовната заедница, посебно во математика и физика, ние се фокусираме на славење на добрите и ним да им дадеме статус," изјавил Симонс кој пред 6 години го напушти хеџ фондот за да работи во фондацијата.