Разно

Учење по теми, а не по предмети

Без секирации, ова не е најава на уште една реформа на нашиот образовен систем, за којшто не можеме ни да претпоставиме кога би созреал за една ваква не бирократска, туку длабока концептуална промена. Без страв од рушење на својот актуелен висок образовен углед, оваа реформа ја спроведува - Финска.

Глупоста е како бумеранг

Неименуван Американец бил доволно гневен за да испрати пакет со цијанид во Белата куќа. И доволно глуп на пратката да ја напише адресата на праќачот.

На која класа ѝ припаѓаш?

За генерации Американци ова прашање беше лесно. Оној кој поседуваше куќа, живееше во семејство со деца и го издржуваше со добро платена работа, ѝ припаѓаше на американската висока средна класа. На двата краја на оваа голема средина беше елитата и гордата работничка класа.

Во одбрана на маќеата на Пепелашка

На страна сето она што се случува во приказната и сите основи по кои таа може да биде анализирана (феминизам, марксизам, виктимизација), маќеата на Пепелашка (Лејд Тремејн) е константното злото во секоја верзија околу кое се врти целото дејство.

ТЕД црквата

Во Ванкувер од денес почнува 5-дневната ТЕД конференција. Влезницата за целата конференција чини 8.500 долари (не е грешка), ама тоа е најмал проблем во целиот просец на аплицирање и добивање влезници, во кој треба да одговориш на прашање како "Како твој пријател би ги опишал твоите постигнувања?"

Говорете француски

По децении битка со остатокот од светот, а посебно со англискиот, минатата недела француската министерка за култура, објави дека францускиот јазик не треба да се плаши од странски зборови, и да престанат со градење "непотребни бариери кон јазичната разноликост."

Долга е раката на младите

За разлика од македонските млади кои на автентичен и решителен начин успеаа да ја направат првата сериозна пукнатина во непопустливиот однос на власта, дел од американската младина мака мачи да вметне една реченица во регулативата која се однесува на нив.

Митот за разликите во платите

Сигурно ова сте го чуле многу пати - од Патриша Аркет до радикалните феминистки на Тамблер, дека жените во САД не заработуваат исто колку и мажите (односно дека добиваат .77 центи за секој долар којшто го заработува маж). Еве зошто тоа не е точно.

Според најновите студии има премногу студии

Постои студија и за тврдењето од насловот, а нејзиниот заклучок е дека бројноста и обемот на материјалот почнува веќе да пречи на вниманието што го добиваат важните научни студии.

Пеновото фак ју за глупите без хумор

Кога доделуваше Оскар, Шон Пен се нашали со својот пријател кој го режираше Birdman. Дел од јавноста оперирана од хумор едвај чекаше да се разгневи околу нешто и таквата негова изјава ја протолкува како расистичка. Шон Пен им порача дека се глупи и ги отера кај што им е место.

Различноста заврши во униформност

Тоа што ти мислиш дека си уникатен, а завршуваш со ист изглед како секој трет на улица, не е ништо лично и има совршено математичко решение.

Историја на брадата

И покрај тоа што веќе 2 години сите ја прогласуваат за "мртва" по најразлични основи, брадата (комплетна, не оние линивките и сл.) и понатаму останува тренд успевајќи да надживее добар дел од своите претходници во изминатите 20 години.

Пусто нацистичко

Едно од правилата за маркетинг кампањи во Германија е кога прославуваш годишнини да се потрудиш 1940-та да не ја ословуваш како "старите добри времиња," без разлика колку си добронамерен.

Како тинејџер може да стигне до ИД

Меѓу опциите за патници Туркиш Ерлајнс им нуди на родителите да ги пуштат своите деца да патуваат каде сакаат без придружба, а компанијата им гарантира дека ќе се грижи за нив и дека тие ќе стигнат без никаков проблем до дестинацијата. Меѓу илјадниците патници кои ја искористија оваа опција беа и 4-те тинејџерки кои од Лондон отпатуваа до Истанбул, за од таму да и се приклучат на ИД.

Заедничкото опивање и јапонскиот бизнис

При бизнис со меѓународни партнери важно е да се знае нивниот тертип на правење на работите, и тоа, според Бизнис инсајдер, во осум области: комуникација, проценка, убедување, раководење, одлучување, доверба, несогласување и правење распореди. Во Јапонија, сето тоа е полесно со алкохол.

ИТ човекот на нарко-картелите

Фелипе Дел Хесус Перез Гарсија е киднапиран во северо-источно Мексико во март 2013-та. Човекот е архитект кој работи во телекомуникации, конкретно на барање локации и поставување базни станици за мобилна телефонија. Никој не побарал откуп за Гарсија, ама неговите и по 2 години некако се сигурни дека тој е жив.

Како да добиеш избори со преместување граници

Она што кај нас се прави на етничка основа (за "другите" да не ни ја земат локалната власт), во САД се прави по партиска основа и се сведува на прецртување на границите на локалните изборни единици со цел твојата партија да добие предност во бројки, односно - gerrymandering.

Банки и парите за срамење

Годишно во финансиски институции влегува нелегален капитал од криминалци, пирати и терористи во износ од околу 2000 милијарди долари. Не дека банките не прават ништо околу ова, ама не и дека се нешто многу потресени ако им дојдат вакви пари.

Човечката борба за Катар да биде спремен за Мундијал

Три-четвртини од популацијата на Катар отпаѓа на странски работници, а во работната сила гурбетџиите се побројни од локалците со 20 спрема 1. Сите овие работат во земјата под кафала системот за спонзорство - според кој работодавците ги поседуваат работниците и одлучуваат дали тие можат да ја напуштат земјата.

9 индустрии што ќаруваат од индустријата со затвореници

САД е земја со најголем процент на затвореници во вкупниот број на светската популација што е зад решетки. Земјата сега има 25% од затвореничката популација на светот, иако има само 5% од светската популација. А овие луѓе треба од нешто да си го вадат лебот.

Невработеноста те менува како личност

Британците прават истражување на тема како седењето дома (заради невработеност) влијае на твојот карактер. Заклучок - немој да се чудиш што имаш толку незадоволен народ.

Како Чарлс си ги продаде синовите

Документарец на БиБиСи тврди дека еден од најблиските помошници на Принцот Чарлс им давал (штетни) информации на британските весници за Вилијам и Хари, со цел да ја спаси репутацијата на Чарлс.

Проблемот со прогонување проституција

Деновиве завршуваше судењето против Доминик Строс-Кан по основа на изнајмување проститутки. Неговата одбрана, барем за случајов, беше непробојна.

Зошто со некои никогаш нема да се разбереме

Луѓето имаат предодреденост да претпостават дека две работи се поврзани само затоа што се случиле една после друга (илузија на последователност) и ова не само што ќе цементира погрешни идеи во нашиот мозок, туку и ги спречува новите информации да ги корегираат нив.