Човештвото го изеде својот дел за годинава

Вчера, четврток, 13-ти август, е денот кога ги истрошивме сите ресурси што Земјата може да ги произведе за годинава. Во основа ова му доаѓа како денот во месецот кога си ја потрошил платата и до следната живееш на вересија. И ова секоја година се случува сè порано од кога и да било до сега.

 

Пресметувањето се врши со мерката биокапацитет, односно капацитетот на одредена област да ги произведе биолошките материјали неопходни за живот (како храна, дрва...) и да апсорбира јаглерод двооксид.

Идеално е овој ден да биде 31-ви декември. Најблиску до идеалот сме биле во 1970-та, кога денот на претерување бил на 23-ти декември. Годинава тој се случува најрано во историјата, четири дена пред минатогодишниот рекорд.

Меѓу проблемите од тоа што Земјата живее на вересија се растот на количината јаглерод двооксид во атмосферата, намалување на резервите на риби, ерозија на почвата и губење на шумски површини.

14 август 2015 - 10:19