Како е да се биде себичен кретен

Човечки е да побараш и искористиш нечија помош, се додека ти е јасно дека ова создава преќутен договор дека и ти ќе му вратиш во иста мерка кога нему ќе му биде потребно. За луѓето од насловот, ова не важи.

Психолозите го користат терминот "макијавелист" за човек кои ги сметаат останатите луѓе за алатки за остварување на своите цели, и кои немаат некаква посебна одбивност кон предавството, "овие луѓе да ги нарекуваш макијавелисти е премногу коректно. Ова во основа се кретени."

Група истражувачи од Универзитетот во Печ (Унгарија), анализираат повеќе испитаници кои имале високи резултати на тестот за макијавелизам. Еден до главните резултати е дека мозокот на овие луѓе вонредно се активирал секој пат кога ќе сретнеле партнер што покажал знаци на фер однесување и соработка.

"Зошто? Тамас Берецкеи и неговиот тим тврдат дека ова е затоа што макијавелистите веднаш се обидуваат да најдат начин како да ја искористат оваа ситуација за сопствена корист," пишува Кристијан Џарет за Њујорк Магазин.

Секој пат кога ќе забележале фер однесување, кај кретените а.к.а. макијавелисти, имало невообичаено висока активност во деловите од мозокот поврзани со потиснување и кративност.

"Истражувачите ова го толкуваат како доказ дека кретените во студијата го потиснуваат човечкиот инстинкт за да вратат со фер однесување, вклучувајќи и потиснување на секаква емоционална реакција, и истовремено пресметувајќи како е најдобро да се искористи заблудата на партнерот околу фер однесувањето," објаснува Џарет.

тестот за макијавелисти во вас, тука

2 септември 2015 - 11:41