Средата беше нејзиниот 22.226-ти ден на британскиот престол. Елизабета Втора го презема тронот од нејзиниот татко кралот Џорџ Шести, кој починува од болест во февруари 1952-ра.
Ваквиот рок на траење на кралицата Елизабета Втора, значи дека во исто време принцот Чарлс е еден од наследниците кои најмногу се начекале за да седнат на тронот. Ако Чарлс во моментов биде прогласен за крал на Британија (а нема), за да ја стигне мајка му, ќе треба да живее и владее до 129 години.
- Кратка историја на британското кралско семејство
Во овие 63 години на престолот, Елизабета дочека и испрати 12 британски претседатели на влади и 12 претседатели на САД.
Некои од промените во Британија за време на владеењето на Елизабета Втора: