Вкупната цена за тројцата браќа да ги минат 5-те држави на патот до Германија е над 10.000 долари. Оваа сума буквално е со попуст на количина, затоа што Алуш со себе донел и други мигранти па шверцерите во Турција му ја симнале цената.
Според мигрантите, најниската цена за патување од Турција до Германија е 2.800 долари од човек. Ама во ова не се вклучени пари за храна, преноќување и други трошоци кои може да се јават по пат.
Конкретно Алуш и браќата, за кратење на трошоците во Грција купиле вреќа за спиење. Во Атина и Белград спиеле во хотел со други бегалци, за што платиле по 15 долари од човек. Генерално по пат јадат само леб и сирење, а стотината километри пешачење низ Македонија ги минале само со урми и флаширана вода.
Штедењето не им било доволно, па во Македонија, Алуш морал да му се јави на постариот брат, кој е стоматолог во Саудиска Арабија, за да им префрли 1.000 долари. Дури тогаш можеле да продолжат. Цената на карти за автобус и воз, изнесувала меѓу 10 и 50 долари, и ова бил најпристапен начин на превоз.
Најголемиот трошок биле шверцерите. Првата група била одговорна да ги пренесе од Турција до Грција, а потоа Алуш на приватни возачи им платил за да ги пренесат низ Србија, Унгарија и Австрија.
"Плативме бидејќи не сакав да ризикувам полиција да ме фати во воз," објаснува Алуш.
Две приватни возила од Белград до Виена чинат по 1.500 долари секое. Од Виена, тие платиле дополнителни 700 долари од човек за автомобил да ги однесе до Минхен. Од таму тие фатиле воз до Дортмунд. Алуш и браќата моментално се во училиште во Дортмунд. Во Сирија му се останати родителите кои се пензионери, и помладите сестри.
Алуш низ Македонија: