Разно

Зошто некои работи треба да бидат тешки за користење

Како човек што никогаш немал шанса да се бори со Стокец, Рено 4 или Лада Рива, авторот раскажува за неговите искуства од возење Ленд Ровер Дефендер. И покрај сите борби, тој се разочарал кога Ленд Ровер објавил дека повеќе нема да произведува Дефендери, најмногу затоа што решиле да го менуваат за нешто што е полесно за користење.

ИСИС ќе ги спасува своите граѓани од пушење

Аргументот на ИСИС не е оној дифолтниот - во ниту една развиена земја не се пуши -  туку од чисто религиски побуди одлучи да го забрани пушењето на целата своја територија. Забраната важи секаде, и дома, и на улица и во ров. Секој што ќе ја прекрши забраната го чека регуларна ИСИС казна.

Америка со Финска се избива

Американец извесно време престојува во Финска и таа култура му помогнала да се одвикне од некои свои навики кои ги носел од дома. Зошто таков текст би бил важен за овдешнотото читателство? Затоа што, ќе видите, има и овде американски навики.

Казна за родителите со дебели деца

Познатата стратегија за наметнување воља наречена "морков или стап", во Порторико звучи вака: Ако детето не јаде морков, родителот ќе јаде стап.

Кога бродовите ќе стивнат

80 проценти од целиот челик што го употребува Бангладеш доаѓа од распарчување товарни бродови, индустрија на која во земјата работат околу 200.000 луѓе.

Кенкањето е добро за здравјето

Без да именуваме луѓе (полови), психологијата идентификува "жалители кои одбиваат решенија" како луѓе чија поплака на некоја тема не е со цел да добие или најде решение за истата, туку да добие сожалување од другите за сопствената неадекватност да се справи со ситуацијата. И ваквото кенкање е здраво за вас.

Дигање на американскиот војник

Во една буџетска ставка на американската одбрана постои графа "поддршка на трупите." А во неа, трошоци за купување вијагра и други подобрајзери на машката потенција. Голем пробглем, голема сума.

Јас бев американски снајпер, и не е така

Поранешен снајперист во Ирак смета дека филмскиот хит номиниран за Оскар нуди многу ограничен опис на она што навистина се случува таму - исто како да го гледате тамошниот конфликт само низ снајперски нишан.

Како Супер Боул ја проголта земјата

Финалето во американски фудбал е најпопуларниот спортски настан во САД. Од 2005-та до денес тв публиката расте секоја година. 2014-та над 112 милиони луѓе го изгледаа Супер Боулот, што е повеќе од финалето во бејзбол, НБА финалето, Стенли Куп финалето и Оскарите - заедно. За годинава се очекува гледаноста да надмине 115 милиони.

Америка, број еден во светот по последни места

Нешто слично налик почетокот на Редакција, текстот на Орајон магазин ја растура идејата дека нивната татковина (САД) е најдобра во светот.

Зошто Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица

Оригиналните предвидувања за рокот на траење на станицата е 2015-та, што е одлично темпирано ако се имаат предвид последните проблеми и откажување на опремата на станицата, плус вградениот компјутер почна чудно да се однесува (надвор од сите протоколи) исто како што беше случајот и пред "пензионирањето" на МИР вселенската станица.

Како да му тераш инает на цел НФЛ

Мершон Линч е играч на американски фудбал кој неколку пати го имавме како се справува со новинари. Тој е еден од подобрите играчи во НФЛ, ама има сериозни проблеми со лигата и тоа што се бара од него.

Селото кое само што го доби својот прв фрижидер

Три четвртини од светските домови имаат фрижидер. Од пред некој ден бројката е три четвртини и еден кројач од Индија (кој нормално има мобилен многу пред да има фрижидер), кој е прв во своето село.

Луи Ц.К. и хидрометеоролошки

Комичарот мораше да го откаже својот настап во Медисон Сквер Гарден, откако тамошната УХМР го прогласи невремето кое го зафати северот на САД за "парализирачка и потенцијално историска виулица." Луи Ц.К. одлучи да се позанимава со потенцијално историскиот дел од виулицата.

Помогни му на Бил Гејтс

Во годишното писмо Бил и Мелинда Гејтс напишаа дека се кладат дека во следните 15 години условите за живот во сиромашните држави ќе се подобрат побрзо од кога било до сега, и во исто време најмногу ќе се подобри животот на најсиромашните. Сега бараат помош за кладбата.

Кога сака, како што не сака кај тебе

Може да тргнеме по патот дека космосот, кармата и општо животот е против тебе, ама па многу поверојатно е дека не ти се случило вакво нешто затоа што кога раситнуваш пари не купуваш лото грепки, туку купуваш мастики.

Големата победа на Германецот

Мажите имаат право да уринираат стоечки и никој не може да им го забрани тоа, одлучи германскиот суд во една тужба по оваа основа.

Планетава нè бара, пали авионот

Не дека мислиме оти требало во Давос да стигнат на магариња ама некогаш фрапантeн е расчекорот меѓу благородноста на каузите и реалниот импакт на борците. За прописно да ја оплакаат климатската судбина на планетата, во Давос ќе стигнат аџии со 1.700 приватни авиони.

Злосторство и фактура

5-годишно дете потврдува дека ќе оди на роденден кај едно другарче. Истото 5-годишно дете не се појавува на роденденот. Следниот ден од родителите на славеникот добива фактура од 25 долари за тоа што не се појавил.

Канадски социјални проблеми

Тој се вика Ерик, таа Лиса. Тој има 41 година, таа 39 години, и двајцата живеат во Ванкувер и не можат да заработат доволно за да спојат од први до први. Разликата меѓу тебе и нив е што тој заработува 300.000 долари годишно, таа 150.000 долари годишно (пред даноци).

Екс џихадист на денот

Со години регрутирал членови за радикална исламистичка организација и во детали ги познава џихадистите. И потоа се активира против нив.

Милијардерот што го заложи Плаза хотел за кауција

Милијардерот е од Индија, моментално е во затвор и треба да плати 3 милијарди долари кауција за да излезе. Хотелот е сред Њујорк и е еден од иконските објекти на градот.

Најлошиот германски збор за 2014

Германски лингвисти секоја година избираат збор што најмногу ја труе околината. Последниот победник доаѓа од времето на нацизмот и се однесува на медиумите.

Како тријадите влегоа во кинеската полиција

Крајниот резултат е нешто сличен на Departed на Скорсезе, мафијата има купено или поставено свои луѓе на клучни позиции во локалната полиција, кои за возврат ја штитат и и' даваат информации.