Карго ракета без човечки екипаж наменета за Меѓународната Вселенска станица експлодираше неколку минути по лансирањето на небото над Кејп Канаверал во Флорида.
Фалкон 9 е ракета на компанијата на Елон Маск SpaceX која со НАСА има договори вредни повеќе милијарди за снабдување на екипажот на Станицата и негова замена откако спејс шатловите престанаа да летаат во 2011-та.
Се претпоставува дека причина за експлозијата е проблем со притисокот во капсулата за течно гориво. Ова е втора карго ракета која не успева да го достави товарот со намирници и опрема до Станицата бидејќи минатиот месец и на Русите им се уништи една.
Следниот обид е закажан за 3-ти јули од космодром во Казахстан.
44 годишниот Елон Маск ја формираше SpaceX во 2002-rа година со долгорочна визија да ги истражува шансите за живот на други планети. Денес компанијата му брои 4.000 вработени а договорите со НАСА тежат вкупно 4,2 милијарди долари.