Полицијата има мандат да ги конфискува сите предмети оставени на плажа, кои се користат за чување и резервирање лежалки. Сопствениците ќе можат да ги добијат запленетите предмети откако ќе платат казна од 30 евра.
"Нервира кога ќе дојдеш на плажа и гледаш дека целиот простор е зафатен од пешкири и чадори, а нема ниту еден човек. Нашата нова политика изгледа го има посакуваниот ефект, и како резултат има многу помалку залудно потрошено место на плажата, и повеќе простор за сите," објаснува портпаролот на Советот на Торокс.
Законот кој и дозволува на полицијата да конфискува пешкири и други предмети е воведен минатата година, и во август и септември 2014-та беа запленети дузина предмети. Годинава, до сега, направени се над 30 "рации." Од овие 30, само половина од сопствениците имаат платено кауција за враќање на нивните предмети.