Таг: плажа

Жените, годините и плажата

Светските трачарски медиуми знаат да бидат одвратни со наслови, ама и нашиве не се заебаваат.

Ве молам, не читајте на плажа

Kaко што тргнало, не ни гинат нови рестрикции и карантини. Затоа, не губете време на плажа со читање. Уживајте во песокот под прстите, во плимата и осеката, и сите сетилни дразби на тоа да се биде надвор. Удобната столица крај прозорецот нема да избега цела есен и зима.

Зошто плажите се толку привлечни?

Иако денес го земаме здраво за готово, нова книга ја анализира глобалната историја на човековиот однос кон бреговите и плажите, кој не бил секогаш онаков каков што е денес.

Италијанската полиција заплени 100 килограми... песок

Десетици туристи во Италија се осомничени за кривичното дело крадење песок, школки и камчиња од плажа, за што ќе платат казна до 3.000 евра. Се уште нема уапсени за крадење вода од морето.

Индиски СВОЗ за чисти плажи

Во рок од една година од само една плажа во Мумбај волонтери (ученици, локалци, активисти...) отстрануваат над 12 илјади тони (12 милиони килограми) претежно пластичен отпад, и без да изгледа како обезвреднување на нивниот труд, уште не се ни приближно готови.

Кога навивач на Јуве шета по плажа во Италија

Секој некој што навива за Интер, Рома, Наполи, Милан, Фиорентина или Лацио гласно зборува за теоријата околу судиската помош за шампионот Јувентус. Дали се во право или само се фрустрираат што не можат да го победат Јувентус оставаме на нив, ама еве што се случува со навивач на Јуве кога оди со дрес по плажа. Rigore на италијански е пенал.

Читаат книга на Олимписки Игри во чудна поза

Ден Вокер, познатиот презентер на БиБиСи се јави од Копакабана во Рио де Жанеиро да известува за тековните настани на Олимписките Игри. Во еден момент забележа дека зад него некој пар „само чита книга“ или „се гушка“.

Шпанска пешкир инквизиција

Летувалиштето Торокс на околу 40 минути од Малага реши да му го олесни летувањето на секој кутар татко што на одмор мора да станува во 6 и 30 наутро, и воведе забрана за резервирање лежалки со оставање пешкири. Забраната ја спроведува локална полиција.

Јавање магариња

И док пљукамо семке ја и мое тате, дојдесмо до констатацију дека дека јавање магариња е нешто што га цела Европа спроведуе над нас године уназад... Ем не јавав, ем не ни давав да рикамо... А и да рикамо, џабе ни е... Никој нема време да не слуша под овој име што га носимо, јер Грчка салата уз сиратки и узо, боље клизи низ европски грла...