Купи куќа, купи село

Шпанија има стотици празни села кои живнуваат на една недела во годината или пак се сосема заборавени, ама за тоа Британија има луѓе кои не би да остават ништо заборавено.

НПР прави репортажа за агентот за недвижности, Марк Адкинсон, кој вози по селата низ Галиција и на куќите остава флаери во кои ги прашува сопствениците дали би сакале да ја продадат куќата.

Тој им го покажува селото О Пенсо, кое има:

- површина од 40 хектари (400 илјади метри квадратни)
- вкупно 6 куќи, од кои најголемата има 5 спални соби и поглед на овоштарник со праски, сливи, јаболка, круши и ореви
- бесплатна вода од бунар
- комплетна селска пекара, со камена фурна
- оддалечено е околу 10 километри од плажа и "едни од најдобрите сместа за сурфање во Европа."

Почетната цена за целото село е 230 илјади долари, ама има простор за договарање. Помалите села со помалку плодна земја се продаваат и за десетици илјади долари.

Потенцијалните купувачи вклучуваат британски пензионери, и Индиец кој сака селцето да го претвори во јога центар.

Последниот жител на О Пенсо починал пред една деценија, по што селото останува ненаселено за прв пат по 500 години.

НПР зборуваат и со градоначалникот на Кортегада, рурален град во јужна Галиција. Под негова власт спаѓа друго едно напуштено селце. За разлика од О Пенсо, ова не го продаваат, туку го подаруваат без никаков надоместок.

"Гратис! Некој само треба да вети дека ќе ги реновира 12-те руинирани куќи. Прекрасни се - идилични. Само ни треба да најдеме некој што во овој век ќе живее тука," објаснил градоначалникот.


24 август 2015 - 10:31