Роберто Ескобар, братот на Пабло и сметководител на картелот, ја пишува книгата "Приказната на сметководителот." Во неа тој објаснува дека богатството на Пабло растело толку брзо, што тие морале парите да ги закопуваат на полињата низ Колумбија или да ги сместуваат во дотраени магацини.
"Пабло заработуваше толку многу што секоја година отпишувавме по 10% од парите затоа што ги изеле глувци, биле оштетени од вода или некако се изгубиле," пишува Роберто.
Според завршните пресметки на Меделин картелот, овие 10% се околу 2,1 милијарда долари годишно.
Меѓу другите, уникатни проблеми што ги имаат сметководителите е организирање и пакување на парите од продажбата на кокаин. Во книгата, Роберто тврди дека картелот трошел околу 2.500 долари месечно само на ластичиња за пакување на парите.
Процената е дека во врвот на својата моќ картелот на Ескобар снабдува 80% од кокаинот во светот, а само во САД шверцува по 15 тони кокаин на ден.
Приказната на која делумно се базира серијата Наркос на Нетфликс: