И Европа бега во ЕУ

Она што се сега се случува во Европа, кое ете и нас нè зафати па некогаш да се чувствуаме како дел од Европа, се смета за најголемата бегалска криза од Втората светска војна, која заврши со 40 милиони бегалци во Европа.

Само минатиот месец 107.500 мигранти преминале во Европа, а ОН проценува дека оваа бројка за годинава ќе надмине 300.000. Само во една вечер во Грција пристигнаа 2.000 лица.

Сепак, ЕУ има сосема поинаква перспектива за тоа кој и како им се населува во Унијата. Според нивни официјални бројки, две од топ 5 држави кои се извор на мигранти, кои добиле азил во Унијата се од Европа: Косово со 12.800 и Србија со 8.400 мигранти во првите три месеци од 2015.

80% од сите бегалци бараат азил во 5 држави: Германија (73.100), Унгарија (32.800), Италија (15.300), Франција (14.800) и Шведска (11.400).

Членките на ЕУ одговориле на вкупно 121.600 барања за азил, од кои 46% добиле позитивен одговор.

3 септември 2015 - 10:49