Разно

Кои се кандидатите за нов Блатер

Лани ова време планот беше Блатер да истера барем уште еден мандат како претседател на ФИФА, а потоа на негово место да дојде Платини. Како и многу други планови и овој беше расипан заради апсење и на првиот и на вториот, и уште неколку други. Сепак, ФИФА мора да има претседател, и тој најверојатно ќе биде еден од следниве петмина.

Еволуција на срамењето луѓе

Стоматолог убива лав, директорка за комуникации испраќа неразумен твит пред својот лет за Африка, Доналд Трамп проговорува што било, во сите овие случаи "интернетот се претвора во дервишот на правдината, гневот и бруката." На постојните две објаснувања на феноменот има и трето според кое станува збор за - казнување од третата страна.

Можно ли е политичарите да се поинакви?

Слично како и овде, просечниот Американец веќе е или опседнат, или разочаран или избезумен од случувањата околу изборите. А нема попрецизно опишан американски просек од ликовите на Хомер и Марџ кои во новото видео решаваат да ја разгледаат алтернативата.

Можно ли е политичарите да се поинакви?

Слично како и овде, просечниот Американец веќе е или опседнат, или разочаран или избезумен од случувањата околу изборите. А нема попрецизно опишан американски просек од ликовите на Хомер и Марџ кои во новото видео решаваат да ја разгледаат алтернативата.

Реколта, бегалци 2015

Лоша вест, шверцерите на мигранти во Европа минатата година заработиле до 6,6 милијарди долари. Добра вест, меѓу стотиците илјади луѓе што ги прошверцувале, дали има едвај десетина милитанти.

Венецуела пред 6000-процентно поскапување на бензинот

Откако две децении литар бензин во Венецуела чини 1 цент (пола денар), сега заради крахот на цената на нафтата земјата се одлучува на покачување по кое цената ќе изнесува 60 центи (околу 33 денари) за литар.

Американската полиција ќе ја бојкотира Бијонсе

Еснафското здружение на полицајците од Мајами побараа од сите свои колеги ширум САД да ја бојкотираат престојната турнеја на Бијонсе.

Рио се откажа од чиста вода за Олимпијадата

Кога се кандирише за Летните олимписки игри 2016, Рио де Жанеиро вети дека ќе елиминира 80% од отпадот во градските води, и дека целосно ќе ја регенерира лагуната во која треба да се одржуваат натпреварите во кајак и веслање. Од пред некој ден ставот на Рио е - што бе, да нè ќе не смените на 4 месеци пред Олимпијада?

Епл одби да го отвори телефонот на убиецот

Првиот човек на Епл го одби барањето на ФБИ да им помогне да влезат во телефонот на убиецот од Сан Бернардино. Зошто? Затоа што и Пандорината кутија беше отворена со добри намери.

Епл одби да го отвори телефонот на убиецот

Првиот човек на Епл го одби барањето на ФБИ да им помогне да влезат во телефонот на убиецот од Сан Бернардино. Зошто? Затоа што и Пандорината кутија беше отворена со добри намери.

Хоророт од колумбиското пролетно чистење

Остатоците од најмалку 100 распарчени затвореници и посетители се откриени при одзатнувањето на канализациските цевки на еден од главните затвори во Колумбија, во кој се сместени нарко-дилери, марксистички бунтовници и паравојници.

Евтината нафта го упропасти рециклирањето

Некои еколози одамна имаат сомнежи околу реалните придобивки од рециклирањето. А денес тоа станува и финансиски спорно. Заради цената на нафтата, и новата пластика е евтина, а за онаа рециклираната никој нејќе да плати.

Зошто никогаш нема да се спасиш од бубашваби

Најлесен начин да се справиш со бубашваби е да се помириш дека не можеш да ги спречиш да ти влезат дома. Не е до тебе, до нив е.

Распродажбата од гробиштата на луксузни автомобили

По декемвриските поплави во Ченај, осигурителните компании во Индија остануваат со над 50.000 автомобили заглавени во калта, за кои должат осигурување, или околу 740 милиони долари во кал.

Субрата Рој од затвор објави книга за животот и успехот

Зборувајте ни за иронија. Човекот кој се наоѓа зад решетки заради измама на милиони луѓе, објави книга со мантри за тоа што е животот и како се постигнува успех. Одгатнувајќи ја тајната на бивствувањето, Субрата порачува дека човек не треба да биде лаком.

НАСА, прекини да лажеш

Ниту имате план, ниту имате пари за стигање до Марс, и двете треба под итно да ги средите или откажете се од намерата, е пораката до НАСА од комисијата на претставничкиот дом на САД за наука, вселена и технологија.

Северна Кореја и 1.000-та волвоа што ѝ ги украде на Шведска

Најголемиот трговски долг на Северна Кореја кон Западот е стар 40 години, и секоја година упорно не се плаќа, и како што наложува логиката секоја година упорно расте, а се однесува на 1.000 Волво возила што Ким Ил-Сунг (дедото на сегашниот лидер) успеал да им ги собере на Швеѓаните.

Како пропаднаа 63 милиони долари лото премија

Во четвртокот вечерта истече последниот рок за подигање на лото премијата од 63 милиони долари, која минатата година се падна на ливче продадено во Јужна Калифорнија. Има еден што тврди дека парите се негови, ама не му го признаваат ливчето.

Сорос го одврза ќесето за Хилари

И на американските избори улогата на милтимилијардерот станува контроверзна. Занимливо е што таму ударите доаѓаат од левицата.

Исповед на мијач на садови во ИКЕА

Конкретната ИКЕА е во Белгија, а дечкото работи таму неколку години, додека е студент, по два дена неделно. Доброто е што за овие два дена вади исто пари колку што колегите од факултет вадат за четири дена работа. Лошото е се останато.

Живеење пред камера

Ако американската полиција сака да ве следи и да стави GPS бубачка на вашиот автомобил, треба да го убеди судијата да даде налог за тоа. Но ако сакаат да видат каде сè во точно време сте биле со вашата кола години наназад, доволно е само да платат.

Колумбо, како беше она?

Двајца амбициозни американски пензионери пред некое време тргнаа од Норвешка решени да го препловат Аталнтикот. Седум месеци подоцна не се мрднати подалеку од Велика Британија.

Како СССР го претрка САД до Месечината

Трката за Месечината започнува многу години пред првите стапки и првите цитати на Нил Армстронг, и сето ова едно време изгледа како Советите комплетно да ги имаат поразено Американците.

2016-та по тинејџерски памет

Разговорот е со околу 60 тинејџери на возраст меѓу 13 и 19 години, темата претежно се однесува на нивните дигитални навики, поп култура и нешто политика. Вака стојат работите со нив околу 2016-та.