Ракувањето со професорот/ката како знак на почит е долгогодишна традиција во Швајцарија, и според локалните власти тие имаат право да бараат ракување од своите ученици.
Сето ова следува откако минатиот месец едно средно училиште им дозволи на двајца браќа од Сирија на возраст од 14 и 15 години, да ја избегнат оваа традиција заради нивните религиозни уверувања. Браќата, чиј татко е имам, изјавиле дека нивната вера не им дозволувала да се ракуваат со женско што не е во сродство со нив.
Откако целата работа заврши во медиумите, школото под притисок им предаде на регионалните власти да го решаваат проблемот.
Нивната одлука е дека "јавниот интерес во однос на родовата еднаквост како и интеграцијата на странците ја надминува грижата околу слободата на верување на учениците."
Во иднина казната за родителите чии деца ќе одбиваат ракување со професорите ќе изнесува 4.500 евра.
Децата за швајцарските медиуми изјавиле дека "никој не може да ги натера" да се ракуваат со жена, и дека никој "не би можел да ја избрише нивната култура како тие да се хард диск."
Швајцарија на популација од 8 милиони жители има околу 350.000 муслимани. Дел од групите на швајцарските муслимани порачале дека нема религиозно оправдание да се одбие ракување со професорка, и ја "поттикнаа Швајцарија да се попушта пред барањата на екстремистите." Најмалку една муслиманска организација порачала дека ракување меѓу мажи и жени е забрането.