Париз забрани коли постари од 20 години

Сите автомобили регистрирани пред 1997 од 1-ви јули нема да можат да влезат во Париз, а истото важи и за моторите регистрирани пред 1999-та. Ова е за почеток, со тек на годините ќе станува уште построго.

Забраната ќе прогресира со текот на годините и од 2020 таа го намалува опсегот и ќе важи за сите автомобили регистрирани пред 2010.

Со забраната ќе бидат опфатени 10% од автомобилите во Париз. Возилата ќе бидат идентификувани според налепниците што ќе се ставаат на нивните шофершајбни. Казна за прекршување на забраната за сега е 35 евра, а од 1-ви јануари ќе биде 78 евра.

Според СЗО загадувањето од ПМ честички е одговорно за околу 42.000 смртни случаи во Франција, а според извештајот на францускиот сенат загадувањето на воздухот годишно ја чини државата 100 милијарди евра.

Меѓу мерките за намалување на сообраќајот и загадувањето од автомобили во Париз, градоначалничката воведе повеќе пешачки зони на некои од главните сообраќајници во градот, покрај Сена, како и претворање на Елисејските полиња во пешачка зона секоја прва недела во месецот. Камионите и автобусите се забранети во центарот на Париз од јули минатата година.

3 јуни 2016 - 14:08