"Без разлика колку е чудно, принципот е добро познат, и има голем број ефекти. Ова е причината зошто луѓето што ги гледаш на вежбање изгледаат како да се во подобра форма од тебе, и зошто твоите секс партнери изгледаат како да се поискусни од тебе. Тој е објаснување зошто луѓето мислат дека во националните паркови и на предавањата на факултет има повеќе гужва отколку што навистина има во просек," пишува Ана Свонсон во Вашингтон пост.
За почетниот парадокс, околу пријателите и нивните пријатели, Свонсон порачува дека има многу интуитивно објаснување - луѓето што имаат повеќе пријатели е многу поверојатно да бидат во твојот круг на пријатели, отколку оние луѓе кои имаат помалку пријатели.
"Проблемот е што, анализирајќи ги сопствените пријатели, ти си создал она што статистичарите го нарекуваат 'пристрасен примерок.' Луѓето кои имаат помалку пријатели е помалку веројатно да бидат меѓу твоите пријатели отколку што ги има во општата популација.
Да ги поставиме поинаку работите, шансите да бидеш пријател со некој што кој има повеќе пријатели се поголеми, отколку да бидеш пријател со некој што има помалку пријатели," објаснува Свонсон.
Истото важи и за објаснувањето околу вежбањето - луѓето што ги гледаш таму се во подобра форма од тебе затоа што тие минуваат многу повеќе време од тебе на вежбање (што пак е објаснување за фреквентноста на гледање и резултатите). Истото важи и за академиците кои се ко-автори на најразлични студии кои забележуваат дека нивните ко-автори биле дел од повеќе публикации - луѓето што работат на повеќе студии е поверојатно да работат и со тебе. Равенката е иста и зошто твојот партнер/ка може да имал/а повеќе сексуално искуство од тебе - луѓето што се сексуално поактивни е поверојатно да бидат подготвени и на располагање за запознавање нови партнери.
Студија објавена во ПЛОС УАН журналот открива слична последователност и кај социјалните медиуми, конкретно кај следбениците на Твитер, и дека ти најверојатно имаш помалку следбеници отколку луѓето што ги следиш.
"Истражувањето ова го објаснува со хиерархиската структура на врските во социјалните медиуми. Не се работи за тоа дека има малку конекции кои може да бидат популарни, и со тоа се крева просекот - се работи за раширен и систематски феномен. Луѓето имаат тенденција да ги следат оние што имаат поголема активност и влијание од нив," пишува Свонсон, според која дури и оние со многу следбеници обично сакаат да следат луѓе што имаат повеќе следбеници од нив.